Функционерите на ФИФА земале мито за Светското првенство во 2010
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Американските власти соопштија дека функционери на ФИФА земале мито со цел да се осигура светското првенство во 2010 година во Јужна Африка.
Главниот обвинител, Лорета Линч изјави дека наводно тие примале мито и за изборите за претседател на ФИФА во 2011 година, како и запрвенството Копа Америка кое ќе се одржи наредната година.
Седум високи функционери на ФИФА се уапсени во Швајцарија и тие се меѓу 14 лица кои во САД се осомничени за корупција. Актуелниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер не е инволвиран во случајот.
Извор: Радио слободна Европа