ФЗО: Eлектронски потврди за ортопедски помагала | Правдико

Правдико

   

ФЗО: Eлектронски потврди за ортопедски помагала

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

fzoСоопштението на Фондот за здравствено осигурување ви го пренесуваме во целост:

Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија секојдневно ја унапредува работата и комуникацијата со осигурениците и овозможува полесен пристап до услугите со воведување на новости во своето работење. Една од стратешките определби на Фондот за здравствено осигурување на Македонија се електронските услуги со кои се дава можност на брз и ефикасен начин услугите да бидат достапни за сите осигуреници, фирми и здравствени работници.

Најголемата придобивка од воведувањето на е-услугите е што корисниците ќе можат да ги користат од ординациите односно од своите работни места, наместо да доаѓаат на шалтерите во подрачните служби на Фондот. Денес сакаме да ве информираме дека Фондот за здравствено осигурување го прогласува месец Февруари за месец на електронски услуги во Фондот за здравство. Во текот на месец февруари ќе промовираме сет од 15 електронски услуги, со што околу 90% од тековното работење и услугите кои ги обезбедува Фондот ќе станат достапни и по електронски пат.

Тоа значи дека услугите за кои граѓаните доаѓаа на шалтери, чекаа, трошеа време, пари за превоз, сега истите ќе можат да ги остварат по електронски пат. Согласно статистиката и анализите направени во Фондот за здравствено осигурување, на годишно ниво повеќе од 1 милион граѓани односно осигуреници дошле во подрачните служби на Фондот за користење на различни видови на услуги, а голем дел од нив побарале повеќе услуги одеднаш. Затоа, сетот на електронски услуги кои ќе ги претставиме во текот на месец февруари е од огромно значење за сите граѓани на Република Македонија.

Девет од новите електронски услуги кои ќе ги промовираме во февруари се проекти од Програмата за работа на Владата на Република Македонија. Во изминатиот период работевме посветено на реализација на овие проекти и на секоја поединечна електронска услуга за да осигурениците, фирмите и здравствените работници можат да ги користат што поскоро. Покрај ова, за успешна реализација на проектите во целост се превземаа мерки за едукација и обука на вработените во Фондот за здравствено осигурување и на здравствените работници за имплементација на електронските услуги.

Фондот изминатите години имплементираше повеќе електронски услуги кои значително ја подобрија ефикасноста на работењето како што се: електронска автоматска пререгистрација на лица со ниски примања која е олеснување за граѓаните кои веќе не мора да доаѓаат на шалтерите на Фондот, електронски избор и промена на матичен лекар кој исто така е голема поволност за осигурениците, електронска потврда за крводарители, софтвер за размена на електронски податоци меѓу матичните лекари и лабораториите, електронски потврди за редовни студенти, електронски барања за ин витро, електронска и автоматизирана обработка на податоци за исплата на надоместоци на плати, електронска фактура за сите здравствени установи кои имаат договор со Фондот.

Фондот за здравствено осигурување во соработка со здруженијата и лекарите континуирано работи на поедноставување, кратење и олеснување на процедурите во интерес на граѓаните на Република Македонија. Денес, ја објавуваме првата електронска услуга од сетот на новите електронски услуги, која се однесува на осигурениците кои користат ортопедски помагала. Со оваа нова електронска услуга – електронска заверка за ортопедско помагало, осигурениците нема потреба да доаѓаат во подрачните служби во ФЗОМ и да чекаат на шалтери, бидејќи специјалистот и матичниот лекар ќе може да ја издаваат и заверуваат потврдата од ординација, односно од нивното работно место. За остварување на ова право во 2015 година се направени 145.000 заверки на потврди за ортопедски помагала, што значи 145 илјади луѓе дошле во Фондот за здравствено осигурување.

Од 1.2.2016 година, за сите овие осигуреници, овие услуги ќе биде достапни и по електронски пат и нема да има потреба да доаѓаат во подрачните служби на Фондот. На товар на Фондот се одобруваат вкупно 355 типови оротопедски помагала, односно 1373 помагала од различни производители. Сите ортопедски помагала, за кои не треба одобрување од лекарската комисија, осигурениците од 01 февруари 2016 година ќе може директно да им ги заверува матичниот, односно лекарот специјалист. Истата потврда по направената заверка станува достапна за ортопедските куќи и со заверената потврда осигурениците одат во ортопедската куќа која сами ја избираат и веднаш го подигнуваат помагалото.

Заверената потврда ги содржи сите потребни информации за осигуреникот, односно информации за порачување и испорака на помагалото, цената на помагалото и за партиципацијата доколку ја има. Потврдата содржи и информации за ортопедските куќи кои имаат договор со Фондот, со цел осигуреникот сам да избере која ортопедска куќа за него е најдобра.

Оваа нова електронска услуга за сите осигуреници кои имаат потреба од ортопедско помагало, ќе важи за:

 Потколени ортози
 Ортози за горни екстремитети
 Дел од ортозите за рбетен столб (шанцова едноделна и дводелна кравата, корсет платнен лумбален (со фишбан и метални шини), минерва корсет
 Корективни ортози
 Ортопедски чевли
 Ортопедски влошки
 Еластични чорапи
 Бастуни
 Патерици
 Дубаци и одалки
 Појас и утега
 Вештачка дојка
 Останати помагала и санитарни справи (сите видови на пелени)

Од групата на очни помагала – сите видови на помагала од оваа група (очила, очила со бифокални стакла, очила со темни бифокални стакла, контактни леќи, очни призми со бифокални стакла, очни протези).
Од групата на слушни помагала – сите видови на задушни слушни апарати и канални слушни апарати.
Од групата помагала за одржување на глас и говор – сите видови помагала од оваа група.
Од групата на заботехнички и забнопротетички средства – сите видови помагала од оваа група.

Препорачуваме

Партнери на Правдико