Правдико

   

ФЗО: Граѓаните да ги подигнат електронските здравствени картички

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

elektronska-zdravstvena-kartickaФондот за здравствено осигурување ве информира дека електронските здравствени картички (ЕЗК) за лицата кои поднеле барање а сеуште не ги имаат добиено, се испечатени и дистрибуирани до подрачните служби денеска. Од понеделник, 25 јануари 2016 година, граѓаните кои имаат поднесено барање а немаат добиено електронска здравствена картичка, ќе може да си ја подигнат во подрачните служби на Фондот во местото каде што го поднеле барањето. Истовремено, нашите вработени во наредниот период ќе ги користат сите алатки за комуникација и ќе ги известуваат граѓаните да дојдат и да си ги подигнат картичките.

Се работи за 106.541 електронски здравствени картички за кои граѓаните имаат поднесено барање, кои се изработени и ќе може да ги подигнат во подрачните служби на Фондот од понеделник 25 јануари 2016 година. Подигнувањето на езк се врши на шалтерите во подрачната служба на ФЗОМ. Сите потребни информации за езк може да се добијат во подрачните служби или на бесплатниот телефонски број 080033222 од 8:30 – 16:30 часот секој работен ден.

Дополнително може да се информираат и на маил адресите info@fzo.org.mk, helpdesk@fzo.org.mk и на веб страницата на Фондот, во делот мое осигурување https://moeosiguruvanje.fzo.org.mk/ Активирањето на новите картички се врши веднаш по предавањето електронската здравствена картичка на осигуреникот во Фондот, или кај матичниот лекар.

При првата употреба на езк кај матичниот лекар осигуреникот внесува пин за понатамошно користење и заштита на езк. Дополнително, Фондот направи измени и во Правилникот за формата и содржината на картичката за здравствено осигурување и за начинот на нејзиното издавање, водење, користење и доказот за платен придонес за задолжително здравствено осигурување и од 1 февруари 2016 година сите деца до 3 годишна возраст, немаат потреба од посебна електронска здравствена картичка, бидејќи детето правата од здравствено осигурување ќе ги остварува преку еден од родителите.

Партнери на Правдико