ФЗО: Партиципација од 6000 денари за ин витро ќе биде на товар на Фондот | Правдико

Правдико

   

ФЗО: Партиципација од 6000 денари за ин витро ќе биде на товар на Фондот

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Petri-Dishes-BlueПравото на ин витро е една од програмите на Фондот кое е со исклучително висок приоритет. Нашата цел е да излеземе пресрет на сите барања на осигурениците кои сакаат да имаат деца, а имаат потешкотии да го остварат тоа. Токму затоа, Фондот за здравствено осигурување со задоволство информира дека од 13.11.2015 година, согласно законските измени кои стапија на сила, осигурените лица кои сакаат да остварат право на ин витро се ослободени од плаќање учество (партиципација) која изнесува 6,000 денари за користење на здравствените услуги во постапките за ин витро (БПО) за добивање прво, второ, трето и четврто дете најмногу до трет неуспешен обид за оплодување стои во соопштението објавено од Фондот..

Партиципацијата ќе биде надоместена од страна на Фондот.

Втората новина е дека правото на ин витро може да се користи за трето и четврто дете, односно за здравствени услуги извршени во постапките на биомедицинско потпомогнато оплодување спроведени со автологно оплодување и алогенеичко оплодување за трето и четврто дете, најмногу до трет неуспешен обид за оплодување. Во Република Македонија, процентот на докажана бременост (βHCG во серум) по ин витро постапка во 2011 година изнесува 38,7%, во 2012 година тој процент изнесува 41.3%, во 2013 година изнесува 50.5%, во 2014 година изнесува 54.5%, а во 2015 година до 31 јули изнесува 53.5%. Од овој тренд произлегува дека нашите здравствени установи со кои имаме склучено договор за ин витро се високо специјализирани и со висок процент на успех.

Воедно за вискиот процент на ин витро постапката влијае и тоа што осигурениците побрзо се одлучуваат за оваа интервенција, затоа што надоместокот кој го покрива Фондот за ин витрото е стилмулативен за разлика од други здравствени системи каде оваа интервенција не е на товар на државата. Сакаме да ги поттикнеме паровите кои се заинтересирани да аплицираат за ин витро за второ дете што побрзо да го направат тоа, земјаќи предвид дека возраста игра улога, а Фондот и службите се секогаш достапни за било какви дилеми.

Постапката за ин витро како право прв пат е овозможена на товар на Фонд во 2008 година, по пат на рефундација на средства, а од 2010 година осигурениците по одобрување од Фондот добиваат ваучери. Средствата кои Фондот ги исплатил за остварување на правото на ин витро од 2010 до 2015 се 387 милиони 465 илјади денари. Осигурените лица имаат право на сопствен избор во која здравствена установа сакаат да прават ин витро од листата на установи со кои имаме склучено договор. Здравствените установи кои вршат БПО услуги, а кои имаат склучено договор со Фондот во 2015 година се: Плодност од Битола, Др. Органџиски од Штип, Ре-медика од Скопје, Ултрамедика од Скопје, Моја болница од Скопје, Аџибадем Систина од Скопје, Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство, Гинеко медика од Скопје и Инанна систем (Њуборн клиник) од Скопје.

Извор: Фонд за здраствено осигурување на РМ

Препорачуваме

Партнери на Правдико