Г7: Санкциите ќе бидат тргнати кога Москва ќе го испочитува договорот
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Санкциите на Западот кон Русија би можеле да бидат отстранети само кога Москва ќе го исполни договорот за прекин на огнот и ќе го испочитува суверенитетот на Украина, порачаа денеска министрите за надворешни работи на Групата седум (Г7) на состанокот во Лубек, град на северот на Германија.
„Г7 ја истакнува тесната поврзаност на целосната примена на спогодбата од Минск и меѓународните санкции“, се наведува во заедничкото соопштение на министрите, објавено на крајот на состанокот.
Во соопштението се укажува дека траењето на санкциите е поврзано со примената на договорот од Минск, кој е потпишан во февруари, како и со почитувањето на суверенитетот на Украина.
Министрите ги поздравија Украина и Русија поради „преземањето на првиот чекор“ кон примена на спогодбата за прекин на огнот, но укажаа дека по тоа прашање е „неопходен значаен и брз напредок“.
Извор: Мета.мк