Правдико

   

Габер, Дарлишта, Старова и Мурати: Укинувањето на Законот за помилување е целосно неосновано

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Уставните судии Наташа Габер-Дамјановска, Исмаил Дарлишта, Гзиме Старова и Сали Мурати денеска излегоа со издвоено мислење за измените на Законот за помилување, кои Уставниот суд ги укина на 16 овој месец, со што на претседателот му се овозможи да помилува лица што се гонети или осудувани за изборен криминал, педофилија и за трговија со дрога.

collage-ustavni-sudii-860x680

Во издвоеното мислење, судиите напишаа дека укинувањето на Законот за изменување и за дополнување на Законот за помилување е целосно неосновано од аспект на неговото оценување во однос на Уставот.

Според уставните судии, Уставниот суд директно го повредува начелото на поделба на власта од член 8, став 1, алинеја 4, проширувајќи ги ингеренциите на Претседателот кои се утврдени со Устав и со закони.

„Со оглед на тоа дека друга уставна разработка на надлежноста за помилување во рамките на Уставот нема, сосема јасно и разбирливо е дека Уставот препушта сè што е во врска со помилувањето да биде регулирано со закон. Значи, воопшто не е издржан ставот на мнозинството судии дека законодавецот нема уставно овластување да уредува прашања што се однесуваат на внатрешната организација и на работа на претседателот на Републиката, со оглед на тоа што Уставот евидентно му го дозволува тоа. Со оваа одлука Уставниот суд директно го повредува начелото на поделба на власта од член 8, став 1, алинеја 4, проширувајќи ги ингеренциите на Претседателот што се утврдени со Устав и со закон“, пишува во издвоеното мислење на четворицата уставни судии.

Извор: Мета

Партнери на Правдико