(Галерија) Каде живеат светските лидери
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Секој има слушнато за Белата куќа, но каде живеат останатите светски лидери?
Можеби нема да ве изненади, но највлијателните луѓе во светот живеат во луксузни домови кои се сосема соодветни за нивните ставови.
Овие куќи и замоци се опремени со сето она што може да им е потребно – од игралиште за хеликоптер до непроценливи уметнички предмети.
Погледнете каде живеат 11 од највлијателните светски лидери:
Palácio da Alvorada е официјалната резиденција на претседателот на Бразил од 1956 година. Токму таму во моментот живее Дилма Русеф.
Елисејската палата е дом на француските претседатели од 1840 година. Франсоа Оланд живее таму од 2012 година. Палатата е изградена во 1722 година и делови од нејзе се целосно во злато. Пример за тоа е Salle des Fêtes (Салата на фестивалите), каде што се одржуваат конференции и прослави. Претседателската канцеларија пак се наоѓа во Salon Doré (Златната соба), каде што сè – ѕидови, маси, столчиња и врати, е од злато.
Imperial Palace (царската палата) во Токио е дом на императорот на Јапонија Акихито и неговото семејство. Внатрешните градини на палатата и зградите се затворени за јавноста, со исклучок на 2 јануари и 23 декември, кога царското семејство ги отвора вратите .
Белата куќа. Тоа можеби е најпознатиот претседателски дом во светот. На сликата се гледа и Овалната соба, каде Барак Обама се среќава со дипломати, претседатели и министри при нивни официјални посети во САД.
Chitralada Palace. Палатата е дом на кралот на Тајланд, Пхумипхон Адунјадет, кој е првиот кој живее таму, а не во Grand Palace. Располага со сопствено училиште кое го посетуваат деца на кралот и на вработените на палатата.
The Presidential Palace е претседателската палата во Ханоу е изградена во 1906 година. Денес таму живее претседателот на Виетнам Чјонг Тан Шанг. Дворецот се користи претежно за приеми и конференции.
Бакингемската палата се наоѓа во Лондон и е главната резиденција на кралицата Елизабета II, иако таа е во сопственост на британската држава, а не лична сопственост на монархот. Британските монарси уживаат дворецот од 1837 година до денес. Тој располага со 775 соби, од кои 52 кралската спални, 188 соби за персоналот на палатата, 92 канцеларии и 78 бањи и тоалети. Британскиот премиер Дејвид Камерон живее заедно со семејството на Даунинг стрит 10.
Белата палата Ak Saray, или Белата палата е дом на турскиот претседател Редџеп Таип Ердоган. Неговата изградба чинеше 615 милиони долари, и денес тој располага со 1.100 соби.
Bellevue Palace неокласичен палата во Берлин е дом на германските претседатели од 1984 година. Денес таму живее претседателот Јоаким Гаук.
Quirinal Palace. Палатата е една од трите резиденции на италијанскиот претседател Серџо Матарела. Тој е 20 пати поголем од Белата куќа и во него живееле вкупно 30 папи, 12 кралеви и 12 претседателот.
Vaduz Castle. Тука пак живее принцот Ханс – Адам II. Замокот е затворен за јавноста, но на 15 август – националниот празник на Лихтенштајн, сите жители на кнежеството се поканети на прием.
Извор: еМагазин