Галетановски со опомена пред тужба откако од ВМРО-ДПМНЕ го поврзаа со директорот на „Улици и патишта“ и кокаинот | Правдико

Правдико

   

Галетановски со опомена пред тужба откако од ВМРО-ДПМНЕ го поврзаа со директорот на „Улици и патишта“ и кокаинот

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Директорот на скопската зоолошка градина, Ѓорѓи Галетановски, преупреди за опомена пред тужба за советничката во Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ирена Попова, која на 19 месецов изрази сомнеж дека и тој бил во присуство на директорот на „Улици и патишта“ кога кај него беше пронајден кокаин.

Според Галетановски, во изјавата советничката ги изнела следните невистинити факти:

„Дали во присуство на директорот на ЈП ‘Улици и патишта’ бил и директорот на скопската зоолошка градина, Ѓорѓи Галетановски Чомбе? Каква е улогата на Чомбе и дали и тој бил претресен за поседување дрога? Што уште треба да се случи Шилегов да поднесе оставка, кога двајца негови директори се вмешани во огромен скандал? Дали е вршено притисок врз полицијата да се преиначи делото од продажба на наркотици во поседување наркотици за лична употреба? Дали МВР се замолчува под налетот на партиските јурушници на Заев? Зошто институциите се ставаат во заштита на криминалци, но и зошто се ставаат во раце на криминалци?“.

Oва е делот од изјавата на Попова кој Галетановски го оценува како невистинит и спорен, со цел да се нанесе штета на неговите углед и чест.

„Барам јавно извинување и повлекување на изјавата од советничката Ирена Попова, која изнесе невистини за мене. Ниту сум бил таму, ниту ме претресле, ниту, пак, МВР нешто крие. Со оваа опомена пред тужба, сакам да помогнам во борбата против лажни вести и клевети кои одредени поединци ги шират за институции, граѓани и одговорни лица“, вели Галетановски.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико