„Гардијан“: Запад го игнорирал предлогот на Москва за повлекување на Асад
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Русија предложи пред повеќе од три години можност за повлекување на сирискиот претседател Башар ал Асад како дел од мирно решение, пишува британскиот весник „Гардијан“, повикувајќи се на висок преговарач, кој учествувал во тајни средби во тоа време.
Западните сили сепак не ја искористија можноста, изјави поранешниот фински претседател и добитник на Нобелова награда Марти Ахтисари.
Откако во 2012 година бил направен предлогот, во сирискиот конфликт животот го загубија десетици илјади луѓе и принуди милиони да ги напуштат своите домови, предизвикувајќи најтешка бегалска криза во светот од Втората светска војна, наведува весникот.
Извор: 24Вести