Правдико

   

Германец обвинет за напад на еритрејски мигрант што сексуално ја нападнал ќерка му

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Полицијата во германскиот град Минхен поднесе обвинение за физички напад против еден 42-годишен маж кој на железничката станица „Хакербруке“ удрил мигрант што сексуално ја нападнал неговата ќерка, пренесува германски „Меркур“.

Во инцидентот 28-годишниот мигрант од Еритреја, кој бил во алкохолизирана состојба, посегнал под здолништето на 21-годишната девојка и ја фатил за задникот. Кога го забележал сексуалниот напад, таткото на девојката му удрил бокс на Еритреецот.

Иако полицијата поднела обвинение за сексуално вознемирување против еритрејскиот мигрант, таа поднела и обвинение за нанесување телесни повреди против 42-годишниот Германец. По бесната реакција од јавноста, портпаролката на федералната полиција во Минхен, Петра Видман, изјави дека полицијата има должност да ги испита двете кривични дела.

„Судот треба да го процени случајот. Постои сомневање дека имало две кривични дела, едно сексуално вознемирување, а другото физичка повреда. Полицијата е задолжена со закон да ги пријави и двете“, рече таа.

Нападот се случил за време на „Октоберфест“, најголемиот фестивал во Минхен во годината, кој последниве неколку години бележи значително зголемување во обезбедувањето поради претходните сексуални напади на други фестивали во Германија и растечката закана од радикалниот исламски тероризам.

Во 2016 година фестивалот забележа најмала посетеност во последната деценија – додека бројот на пријавени сексуални напади се зголеми – една година по екот на мигрантската криза. Само една година подоцна, во 2017 година, властите во Баварија информираа за 91 отсто поголем број мигрантски сексуални напади, при што секој петти напад во регионот бил извршен од мигрант.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико