Правдико

   

Германија бара социјалните мрежи да пријават говор на омраза

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Германската влада донесе нацрт-закон со кој ќе бара социјалните мрежи како „Фејсбук“ и „Јутјуб“ да пријават одреден говор на омраза во полицијата.

Според нацрт-законот донесен од министрите, интернет-компаниите ќе треба да забележат и пријават екстремно десничарска пропаганда, графички прикази на насилство, убиства или закани за силување, објавувања кои означуваат дека некој подготвува терористички напад или дистрибуира слики од сексуална злоупотреба на деца, објави АП.

Мерките што ќе бидат одобрени од парламентот вклучуваат говор на омраза и закани од силување или оштетување на имот и изразување одобрение за сериозни злосторства.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико