Германија го депортира поранешниот телохранител на Осама бин Ладен | Правдико

Правдико

   

Германија го депортира поранешниот телохранител на Осама бин Ладен

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Германија денеска го депортира поранешниот телохранител на убиениот лидер на Ал каеда, Осама бин Ладен, во родниот Тунис. Сами А. е депортиран со чартер-лет во утринските часови, објавија германските медиуми.

Депортирањето е спроведено и покрај одлуката што административниот суд во Гелзенкирен ја донесе во последен момент дека Сами А. би требало да остане во Германија додека Берлин не добие гаранција дека нема да се соочи со тортура во Тунис.

Случајот на Сами А. (42) на почетокот на оваа година ги полнеше насловните страници на германскиот печат. Медиумите претходно објавија дека Сами од 1997 година живее во Германија и дека важи за опасна личност која е под постојан надзор и секојдневно мора да се јавува во полиција. Тој со сопругата и четирите деца живее во Бохум и прима социјална помош. Владата на Северна Рајна-Вестфалија соопшти неодамна дека Сами прима повеќе од 1.000 евра државна помош, а на тоа треба да се додадат и 150 евра за дете и други форми на помош што ги прима.

Во 2012 година судот одлучи дека Сами не може да биде протеран во Тунис затоа што таму му се заканува мачење и нехуман третман.

Сами во Германија дошол на студии, но од 1999 година неколку години престојувал во џихадистички кампови во Авганистан, каде што напредувал до позиција телохранител на Бин Ладен.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико