Германија го отфрла грчкиот предлог | Правдико

Правдико

   

Германија го отфрла грчкиот предлог

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Грција побара продолжување на рокот за враќање на долгот, но Германија инсистира на претходно договорените услови што Грција не ги исполнила.

AC68474D-DEE2-494F-B563-1DC2868D0958_w640_r1_s

Грција во четврток формално побарала од нејзините европски кредитори шестмесечно продолжување за исплаќање на пакетот за помош на задолжената држава.

Зборувајќи под услов на анонимност, официјални лица на ЕУ подоцна кажаа дека министрите за финансии на еврозоната ќе се сретнат во петок да разговараат за барањето.

Реагирајќи на барањето на Грција, Германија кажа дека барањето не ги задоволува критериумите на Еврогрупата договорени во понеделникот.

Германија, главниот европски кредитор , многу пати има кажано дека секакво продолжување на заемот „е поврзано со реформите договорени со претходната грчка влада. Германија цврсто се држи на ставот дека помошта за државите кои имаат проблеми мора да дојде со услови.

Грчкиот министер за финансии кажа дека е оптимист оти Грција ќе добие продолжување и ќе избегне можно банкротство.

Американскиот секретар за финансии Џејкоб Лу зборувал со грчкиот министер во средата, поттикнувајќи го да работи на компромис.

Одделот за финансии кажа дека Лу му рекол на грчкиот колега дека „непостигнувањето на договор може да доведе до „тешкотии за Грција и дека тоа секако не е добро за Европа“.

Грција има до крајот на месецов да им плати на европските  позајмувачи или да  договори нова спогодба. Ако во тоа не успее  може да значи банкротство и излез од еврозоната.

Новиот грчки премиер од левицата Алексис Ципрас водеше кампања со ветување дека ќе ги договори одново условите за пакетот за помош од 270 милијарди долари. Тој кажа дека условите на кои се согласила  поранешната влада, централно-десно ориентирана, го направиле животот на Грците многу потежок.

Извор: Глас на Америка

Партнери на Правдико