Германија го подготвува договорот со земјите членки на ЕУ за враќање на бегалците
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Германското министерство за внатрешни работи, работи на подготовка на договорот со другите земји членки на ЕУ за враќање на бегалците во земјите во кои најпрво биле регистрирани.
Германскиот министер за внатрешни работи, Хорст Зехофер треба да отпатува во Виена каде ќе се состане со австрискиот канцелар, Себастијан Курц, а унгарскиот премиер Виктор Орбан ќе оствари средба со германската канцеларка, Ангела Меркел во Берлин, со цел да разговараат за договорот.
Портпаролката на германското министерство за внатрешни работи изјави дека уште не постои временска рамка за потпишување на било какви договори.
Извор: Макфакс