Германија го прекинува случајот „Пучдемон“
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Канцеларијата на германското обвинителство соопшти дека добила официјално известување за повлекувањето на шпанската европска потерница за поранешниот каталонски лидер Карлес Пучдемон.
Ова значи дека постапката за негова екстрадиција е прекината.
Обвинителите во Шлезвиг рекоа дека од судот во таа држава формално побарале да се прекине постапката. Судија од шпанскиот Врховен суд вчера го укина барањето за екстрадиција на Пучдемон и пет други каталонски политичари кои беа обвинети за бунт и промоција на независност на Каталонија.
Пучдемон беше уапсен во Германија во март, додека од Финска се враќаше во Белгија, каде што минатата година пребегна од Шпанија.
Поранешниот каталонски лидер беше на слобода под услов редовно да се јавува во полиција и да не ја напушта Германија без дозвола на обвинителството. Тој рече дека сака да се врати во Белгија.
Извор: Макфакс