Германија им дала азил на одредени турски воени претставници | Правдико

Правдико

   

Германија им дала азил на одредени турски воени претставници

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Германија им дала азил на одредени турски воени претставници и нивните семејства кои имаат дипломатски пасоши, објавуваат германските медиуми, додека, пак, Анкара го обвинила Берлин дека ги штити осудените од неуспешниот воен удар од јули 2016 година.

Според пишувањата на весникот Зидојче цајтунг и регионалните канали ВДР и НДР, германските власти обзнаниле дека дале позитивен одговор на барањата на овие турски државјани. Се работи за турски војници на НАТО, сместени во Германија и кои имаат дипломатски пасоши.

По неуспешниот државен удар од јули 2016 година, 414 војници, дипломати, судии и високи турски претставници побараа азил во Германија, според податоците на Министерството за внатрешни работи, кои беа објавени од трите медиуми.

Според пишувањата во овие медиуми, меѓу нив има и членови на нивните семејства. По обидот за пуч, владата на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган тргна во чистка на сите подрачја од општеството за кои сметаше дека се вклучени во обидот за државен удар.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико