Германија ја отфрла тужбата против Националната агенција за безбедност на САД поради недостаток на докази
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Службениците за заштита на податоците се збунети од одлуката на германскиот сојузен обвинител да не се поведе кривична истрага за наводното масовниот надзор на германските граѓани од страна на американската Национална агенција за безбедност (NSA ). Германскиот сојузен обвинител не најде доволно докази за да се гарантира кривична истрага , објавија германските медиуми во средата, повикувајќи се на извори од канцеларијата на федералното обвинителство. Нема да има истрага за наводниот масовен надзор на германски државјани, ниту ќе има истрага за наводното шпионирање од страна на NSA на телефонот на германската канцеларка Ангела Меркел. Документите за да се прекинат прелиминарните истраги, кои беа во обработка со месеци, се подготвени , но се уште не се потпишани – јавуваат изворите.
Сојузниот обвинител се уште нема донесено конечна одлука но се очекува да го направи тоа наскоро , изјавува портпаролот на неговата канцеларија, додавајќи дека се уште има “ неколку лабави краеви да се врзат” . Сепак, тој не негира дека истрагата ќе биде прекината.
Според најголемиот германски весник Süddeutsche Zeitung, за сојузниот обвинител беше невозможно да собере докази за германските активностите на NSA во соработка со Британската разузнавачка служаба (GCHQ) поради недостаток на сведоци и документи. Барањата поднесени до американските власти веројатно поминаа неодговорени, а обидите од германската влада и разузнавачките служби да добијат информации – биле одбиени. Властите без исклучок им соопштиле на инспекторите дека тие само имаат информации за случајот од страна на извештаите во медиумите , објави весникот.
Неделникот Der Spiegel, кој всушност го откри шпионирање на телефонот на Меркел , одби да му овозможи на обвинителството преглед на документите од поранешниот соработник на американската Национална агенција за безбедност – Едвард Сноуден, со објаснување дека се обврзале на заштита на изворот – пренесува весникот. Напорите на обвинителството за добивање на документи од архивата на Сноуден или да добие писмено мислење од него беа , исто така, залудни, се додава.
Извештаите за престанок на истрагата биле примени “со збунетост ” во канцеларијата на комесарот за заштита на податоците ( ULD ) на германската општина Шлезвиг-Холштајн.
Со оглед дека во моментов се достапни три книги напишани од германски новинари кои имаат пристап до документите на Сноуден , а во тек е и голем прилив на вести и извештаи за глобалното непочитување на заштитата на податоци, “целосно е неразбирливо” зошто обвинителството очигледно не се ни обиде да испита познати осомничени, рече комесарот за заштита на податоците на ULD – Тило Вајхерт.
Работата на органите за заштита на податоците “ќе се спушти до степен на апсурдност ” ако се очекува нормално да функционираат кога главните германски истражни органи запираат прелиминарна истрага, додека приватноста на милиони германски државјани е очигледно повредена, додава Вајхерт.
Ако јавниот обвинител навистина одбива да отвори истрага – тогаш тоа се граничи со одбивање да работи, изјави Рена Тангенс за Digitalcourage, велејќи дека ситуацијата е смешна и апсурдна. Организацијата за приватност и заштита на човекови права, Digitalcourage, поднесе кривична пријава против германската федерална влада за нејзината наводна вмешаност во нелегални и забранети тајни разузнавачки активности.
–ПРАВДИКО–