Германија ќе депортира 94 илјади азиланти од Балканот | Правдико

Правдико

   

Германија ќе депортира 94 илјади азиланти од Балканот

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Германија ќе протера 94 илјади баратели на азил од Балканот и ќе им забрани повторно влегување на нејзина територија, изјави претседателот на Сојузната канцеларија за миграции и бегалци, Манфред Шмит во интервју за „Велт“.

Причината за оваа одлука е тоа што балканските земји се прогласени за безбедни во однос на политичко протерување и тоа што претежно станува збор за економски, односно социјални доселеници.

– Речиси сите тие со решението за одбивање на азил ќе добијат и известување за забрана за повторно влегување и престој во Германија, вели Шмит.

– Позадината на овие мерки е реформа на германскиот закон за престој и дека само на оние кои се добро интегрирани и кои имаат дозвола за престој им е дозволено и понатаму да останат во Германија, изјави Шмит, кој смета дека на барателите на азил треба да им се укине месечниот џепарлак од 143 евра.

Извор: Утрински Весник

Партнери на Правдико