Германија очекува 3,6 милиони бегалци | Правдико

Правдико

   

Германија очекува 3,6 милиони бегалци

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Германската влада очекува до 2020 година во земјата ќе стигнат вкупно 3,6 милиони бегалци, во просек по половина милион секоја година, објавија медиумите. Германија во текот на 2015 година прифати 1,1 милион бегалци.

begalci-germanija

Прогнозите се темелат на процените на германското министерство за економија, во соработка со другите министерства.

За да изработи процена на економскиот развој, министерството за економија подготвило „интерна, чисто техничка процена во соработка со другите министерства“.

Не постои официјална процена на бројот на бегалците што Германија може да очекува да ги прими следните години, бидејќи бројките се многу променливи.

Доаѓањето на 1,1 милион бегалци во текот на минатата година, кои се вклучени во процената до 2020 година од 3,6 милиони мигранти, значајно ги оптовари германските социјални служби и го интензивираше притисокот врз владата на канцеларката Ангела Меркел.

Извор: Мета

Препорачуваме

Партнери на Правдико