Правдико

   

Германија под закана за масовни отпуштања од работа

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Истражувањето на Иницијативата за нова социјална пазарна економија, покажа дека поради Закон за работни односи во Германија, со кој се воведува гарантиран минимална цена на трудот од 8,5 евра за час, ќе остави без работа меѓу 250 и 570 илјади луѓе.

germany

Истражувањето го финансираа германските работодавачи од металната и енергетската индустрија, кои сметаат дека воведувањето на минималната плата негативно влијае на економскиот раст и вработувањето. Тие најавуваат програми за штедење кои се предизвикани од воведувањето на гарантирана минимална цена на трудот.

Работодавачите сметаат и дека „ олеснителните мерки“, предвидени  во рамки на воведувањето на минималната цена на трудот, како што еослободувањето од  обврската минималната цена  на трудот да се плаќа за работниците помлади од 18 години кои не се квалификувани, како и на работниците кои не работат повеќе од една година (за период од шест месеци) , нема да помогне да се избегнат мерките на штедење.

Во едно неодамнешна анкета, речиси 60 отсто од компаните одговорија дека планираат мерки за намалување на трошоците поради минималната плата. Оваа мерка најмногу ќе ја погоди услужната дејност, односно ресторани и хотели, кои имаат најголем број на вработени кои заработуваат помалку од 8,5 евра на час.

Извор: ПлусИнфо

Партнери на Правдико