Германија привремено го суспендира Шенген договорот | Правдико

Правдико

   

Германија привремено го суспендира Шенген договорот

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

63597500_63607200_0 (1)Германија воведе привремени гранични контроли, а оваа одлука ќе стапи на сила веднаш, изјави германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мезиер, додека земјата се бори со притисокот на рекорден прилив на бегалци.

“Германија привремено повторно ќе ја враќа контролата … долж внатрешните граници (ЕУ). Во фокусот на почетокот ќе биде границата со Австрија”, рече Мезиер на прес-конференција.

“Целта на овие мерки е да се ограничи сегашниот прилив во Германија и враќање на стандардните процедури, кога луѓето влегуваат во земјата”, рече Мезиер.

“Тоа е итно и неопходно поради безбедносни причини”, изјави германскиот министер.

Стотици германски полицајци беа мобилизирани за спроведување на граничната контрола, изјави вчера вечерта портпаролот на германската федерална полиција.

“Мобилизирани се стотици полицајци”, изјави портпаролот за АФП по објавата на Берлин дека Германија воведува привремени гранични контроли.

Министерот за внатрешни работи Томас де Мезиер, претходно рече дека оваа одлука стапува на сила веднаш.

se-ushte-nema-odluka-za-prikluchuvanjeto-na-bugarija-i-romanija-kon-shengen-200246Потег на Германија е во спротивност со принципите на Шенген-зоната, која им овозможува слободно движење меѓу многу европски земји.

Сепак, во овој договор постои можност и за привремена суспензија.

Покрај тоа, Берлин веќе нема да им дозволува на бегалците да избираат во која европска земја, ќе престојуваат, рече Мезиер.

Барателите на азил мора да разберат дека “не може да ја изберете земјата во која барате заштита”, рече тој.

Според правилата на ЕУ, првата држава која ќе ги прими азилантите е должна да постапи по барањето за азил, но Германија претходно не го применуваше ова правило.

Железничкиот сообраќај меѓу Германија и Австрија, беше суспендиран за 12 часа.

Од германската железничка служба соопштија дека железничкиот сообраќај со Австрија ќе биде прекинат до 05:00 понеделник.

Во меѓувреме австриската влада се состанува со цел да се изнајде решение за решавање на овој голем проблем.

Препорачуваме

Партнери на Правдико