Германија размислува за делумна забрана на бурките
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Германскиот министер за внатрешни работи, Томас де Мезиер денеска повика да се забрани носење бурка во образовни институции и во администрацијата.
– Сите сме согласни да ги отфрлиме бурките, сите сме согласни во тоа дека се стремиме со закон да го воведеме принципот – лицето да се покажува таму каде што тоа е неопходно за нашето општество – зад воланот, во канцелариите, училиштата, универзитетите, во јавниот сектор, пред суд, нагласи министерот за телевизијата ЗДФ.
Делумната забрана на бурките доаѓа по серијата терористички напади во Германија.
Претходно австриската владејачка партија исто така повика на забранување на бурката во Австрија, објаснувајќи дека со целосното покривање на телото се попречува интегрирањето на жените во австриското општество.
Извор: Мета