Правдико

   

Германија: Уапсено лице што го продало оружјето за нападите во Париз

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Германските власти уапсиле 34-годишен маж, осомничен за илегална набавка и за продажба на оружје, соопшти германското обвинителство.

germanska-policija

Весникот „Билд“ јавува дека уапсениот е осомничен дека го продал оружјето користено во терористичките напади во Париз и оти тоа било купено преку интернет.

Оружјето „калашњиков“ е купено на 7 ноември преку интернет од германскиот продавач од Бадер-Виртемберг, на југозападот на Германија, наведува германскиот весник, повикувајќи се на документи од обвинителството во Штутгарт и на германските истражители.

Весникот наведува дека полицијата при увидот во неговата електронска пошта утврдила дека тој продал четири пушки „калашњиков“ на Арап во Париз. Во обвинителството во Штутгарт не ја потврдуваат оваа информација.

Во терористичките напади во Париз, извршени на 13 ноември, загинаа 130 лица, а 350 беа ранети.

Извор: Мета

Партнери на Правдико