Германија: Зголемена активноста на турските разузнавачки служби
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Германската Федерална канцеларија за заштита на Уставот (БфВ) изввести за зголемена активност на турските разузнавачки служби на германска територија, каде што растат и тензиите со турска заедница во пресрет на референдумот за проширување на овластувањата на турскиот претседател, јавува Танјуг.
Односите меѓу Германија и Турција се на најниско можно ниво поради проблемот со турските политички собири на германска територија што имаа за цел да обезбедат поддршка од дијаспората за референдумот.
Претседателот на БфВ, Ханс-Георг Масен ја нагласи својата загриженост околу тензиите помеѓу Турците десничари во земјата и приврзаниците на Курдската работничка партија (ПКК).
– Постои опаност од судири помеѓу десничарите и приврзаниците на ПКК, поради тоа што постои огромен негативен набој во двете групи – рече Масен, не коментирајќи го притоа соопштението за прашањето околу шпионажата.
Главниот германски сојузен обвинител во јануари покрена истрага за можна шпионажа на имами испратени од Анкара во Германија.
Извор: Нова Македонија