Германска неонацистка осудена на доживотен затвор за убиство на 10 луѓе
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Неонацистката Беате Чшепе е осудена на доживотен затвор во Германија за убиства што ги извршила како член на неонацистичката група НСУ.
Германскиот суд ја прогласи Чшепе за виновна по 10 точки од обвинението за убиство на 10 лица, осуммина Турци, Грк и германска полицајка во периодот од 2000 до 2007 година, пренесе агенција „Ројтерс“.
Таа негира дека е одговорна за убиството на Ува Бенарт и Ува Мундлос, кои, според неа, извршиле самоубиство во 2011 година кога полицијата случајно ја открила неонацистичката група.
Чшепе рече дека се чувствува морално одговорна затоа што не ги спречила во намерата.
Извор: Макфакс