Германската агенција за труд проневерила милиони евра наменети за бегалците | Правдико

Правдико

   

Германската агенција за труд проневерила милиони евра наменети за бегалците

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Германската Национална агенција за ревизија ја обвинува Сојузната Агенција за вработување за злоупотреба на десетици милиони евра наменети за образование и учење на германски јазик на бегалците.

Во извештајот на ревизорите, објавен денеска, се вели дека во работата на Агенцијата за вработување се откриени сериозни пропусти при извршување на работите и во менаџирањето со фондовите кои што од 2015 година биле префрлени за помош на бегалците. Во анализата која ја објавува националното радио НДР се утврдени грешки како фалсификувани сметки, лоша структура за мониторинг на процедурите и неквалитетни материјали кои што биле подготвувани за учење на германски јазик од страна на бегалците.

Во своја одбрана Агенцијата за вработување вели дека сите пронајдени грешки во работата се должат на кратките рокови од два месеци во кои што морале да се започната активностите поврзани со бегалците.

Само за организирање на курсеви за германски јазик за бегалците ревизорите откриле лош менаџмент на 400 милиони евра. Неправилности се пронајдени и во менаџментот на финансиските сметки во кои било утврдено дека се за една услуга биле прикажувани и донации и наплатени пари од државата.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико