Германската полиција го ослободи осомничениот за тероризам 17-годишниот Сириец
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Германската полиција го ослободи 17-годишниот Сириец, кој беше уапсен под сомнение дека подготовува терористички напад, пишува националниот дневен весник Ди Велт.
Осомничениот 17-годишен Сириец беше уапсен во федералната покраина Бранденбург.
Инспекторите испитуваат дали Сириецот барател на азил влегол илегално на територијата на Германија. Според првичните информации, тој планирал да изврши самоубиствен напад во германска престолнина Берлин.
Овие информации полицијата во Бранденбург ги добила од нивните колеги во Хесен, кои откриле дека на Вотсап Сириецот изразил јасна намера да изврши напад во рамките на т.н. „света војна”.
Извор: Макфакс