Германската полиција уапси нова група исламски милитанти | Правдико

Правдико

   

Германската полиција уапси нова група исламски милитанти

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Германските специјални полициски сили денеска уапсија пет членови на милитантна исламистичка група, под обвинение за регрутирање борци за во редовите на Исламска држава (ИД) во Сирија, јави дописникот на МИА од Берлин.

08112016141833_web_member-german-police-anti-terror-unit

Според соопштението на германското Федерално јавно обвинителство, петмината осомничени милитатни, кои се уапсени во покраините Долна Саксонија и Северна Рајна – Вестфалија, потекнуваат од различни земји.

Лидер на групата е 32-годишниот Ахмад Абдулазис Абдула од Ирак, еден од уапсените е од Турција, еден од Камерун, еден има германски пасош, а петтиот има државјанства на Германија и Србија.

Уапсените се соочуваат со обвинение за организирање „џихадистичка мрежа“ која организирала верско образование и регурутирала борци за потребите на ИД во Сирија.

Мрежата успеала илегално да префрли повеќе млади луѓе и нивните семејства во деловите на Сирија што се под контрола на ИД, се вели во соопштението на Јавното обвинителство.

Досега над 800 лица од Германија заминале да се борат во редовите на ИД и други милитанти организации во Сирија и Ирак. Германските служби за безбедност сметаат дека сите тие што ќе се вратат во земјата, претставуваат сериозна опасност поради нивната воена обука.

Според разузнавачите, во Германија живеат околу 8.900 ултраконзервативни муслимани, од кои 500 се сметаат за реална безбедносна закана.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико