Германската влада одобри регистрација на трет пол во матичните книги | Правдико

Правдико

   

Германската влада одобри регистрација на трет пол во матичните книги

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Германската влада одобри можност за регистрирање трет пол во матичните книги. Уставниот суд во ноември лани донесе пресуда со која се отвори таквата можност. Судот ја донесе ваквата одлука врз основа на жалба од лице што во половите хромозоми има само еден X-хромозом. На лицето му било одобрено во изводот кај родот, наместо женски, да му пишува – поинаков.

Надлежните претходно го одбиле барањето на лицето повикувајќи се на законот дека децата може да се регистрираат само како машки или женски пол или графата за пол да се остави празна.

Денешната одлука на владата треба да ја потврди парламентот.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико