Германската влада усогласила мерки за азил
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Германската влада денеска одобри пакет мерки кои имаат цел да го намалат бројот на мигранти што во земјата бараат азил.
Мерките минатата недела ги одобри владејачката коалиција на канцеларката Ангела Меркел, а тие вклучуваат користење посебни центри за брзо процесирање на мигрантите што имаат шанса да добијат азил, што значи дека некои Сиријци подолго ќе чекаат за да им се придружат роднините.
На листата на сигурни земји се ставени Мароко, Алжир и Тунис, со што се олеснува враќањето на мигрантите од тие земји.
Во Германија минатата година се регистрирани речиси 1,1 милион баратели на азил.
Извор: Мета