Германскиот парламент одобри воена акција против Исламската држава
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Пратениците на Долниот дом на германскиот парламент денеска ги одобри плановите на владата да се приклучи на воената кампања против Исламската држава во Сирија.
Гласаа вкупно 598 пратеници – 445 беа за, 146 против и седум беа воздржани
Би-би-си претходно објави дека ако планот на Германија се изгалса ќе испрати извиднички авиони “торнадо”, морнарска флота и 1.200 војници. Германските сили, сепак, нема да учествуваат во борбени операции.
Германски министри сметаат дека Германија е на мета на исламската држава, и тие сакаат да ја изразат својата солидарност со Франција по нападот во Париз во кој загинаа 130 лица.
Тоа ќе биде најголемата воена операција на Германија која се спроведува во странство. Мандатот на мисијата ќе трае една година и ќе чини 134.000.000 €, додава Би-би-си.