Германскиот Устав не важи за турските политичари | Правдико

Правдико

   

Германскиот Устав не важи за турските политичари

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Турските владини претставници не можат да се повикуваат на уставните права на Германија според кои на политичарите во земјата им се гарантира слобода на политички активности, објави денеска германскиот Уставен суд.

Одлуката на највисоката германска судска инстанца на турските политичари се однесува на нивното право да учествуваат на политички собири на германско тло на кои меѓу турските граѓани во Германија се агитира за референдумот кој владата во Анкара го организира на 16 април. На референдумот турските граѓани ќе одлучуваат за зголемени ингеренции на претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Одлуката на Уставниот суд е одговор на жалба поднесена од германски граѓанин во врска со правото на појавувањето на турскиот премиер Бинали Јилдирим на митинг во градот Оберхаузен на 18 февруари. Со одлуката судот одредува дека турскиот шеф на државата и други политички лидери не можат да ги користат германските уставни права за да влезат во земјата или со германскиот устав да ги оправдаат своите јавни говори на германско тло.

Според соопштението на германското Министерство за надворешни работи одлуката на Уставниот суд не го менува ставот на германската влада за учеството на турските министри на референдумските митинзи во Германија. Германското МНР очекува турските претставници да ги почитуваат германските закони и да се однесуваат согласно општите морални начела. Турските официјални претставници во Германија учествуваат на собири кои што се организирани од приватни организации кои што се организирани согласно германските закони. Досега неколку локални власти не дозволија организирање на митинзи поради безбедносни причини.

Според истражувањата на јавното мислење спроведено на барање на националната телевизија ЦДФ околу 83 отсто од германските граѓани сметаат дека турските политичари не смеат да добијат дозвола за учество во кампања во Германија додека околу 15 проценти мислат дека учеството на турските министри на митинзи во земјата е прифатливо.

Прашање за културни и медиумски права на турското малцинство во Германија вчера постави и ко – лидерот на партијата на „Зелените“ Ездемир Чем кој побара германската влада да основа двојазична Германско – Турска јавна телевизија за да се олесни интграцијата на Tурците во земјата. Во Германија живеат околу 3 милиони Турци од кои над 1,5 милиони имаат право да гласаат на референдумот во Турција.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико