Германците се против безвизниот режим за Турција
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Повеќе од 60 отсто од Германците се против воведување безвизен режим меѓу Турција и ЕУ, покажа истражувањето на институтот „Инфратест“.
Само 33 отсто од Германците го поддржуваат укинувањето на визите за Турците, а 62 отсто се против.
Според новото истражување, 57 отсто од испитаниците се против спогодбата ЕУ – Турција за мигрантите, додека 39 отсто ја поддржуваат, објави медиумската мрежа АРД.
Европската комисија препорача воведување на безвизен режим за Турците во рамки на спогодбата со Анкара за мигрантите.
Извор: Мета