Правдико

   

Гевгеличанец претепан до смрт по расправија за мобилен телефон

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Две лица се уапсени за убиството на 41-годишниот гевгеличанец кој вчера беше пронајден мртов.

Според информациите од полицијата, уапсени се К.И. (31) под сомнение за сторено убиство и Р.К. (43) за помагање.

Телото на починатиот Б.Р. беше пронајдено вчера околу 7 часот во куќата на второпријавениот Р.К.

Според првичните информации од истрагата, завчера во куќата на Р.К. на гости бил Б.Р. Во куќата дошол К.И. кој, најверојатно под дејство на алкохол, почнал да го обвинува Б.Р. дека му го украл мобилниот телефон.

Најпрво почнала вербална расправија, по што К.И. физички го нападнал Б.Р. удирајќи го во главата сè додека не го усмртил.

Двете лица биле уапсени вчера при што кај К.И. биле констатирани 4,56 промили алкохол во крвта, а кај Р.К. 2,53 промили алкохол.

Против двајцата е поднесена кривична пријава, а судот им определи притвор од 30 дена.

Извор: Maкфакс

Партнери на Правдико