Ги знаете ли доволно вашите права и обврски како пациент | Правдико

Правдико

   

Ги знаете ли доволно вашите права и обврски како пациент?

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

screenshot_5 (3)Од исклучителна важност е граѓаните да ги знаат своите права како пациенти, со цел да го препознаат нивното прекршување и да знаат на кој начин и каде можат да се обратат доколку сметаат дека некое нивно право е прекршено.Од друга страна, исто така е важно пациентите да ги знаат и своите обврски за да им овозможат, меѓу другото, на здравствените работници што подобро да ја завршат својата работа и полесно да се дојде до крајната цел – што е можно подобра здравствена заштита и постигнување највисок степен на здравје што може да се постигне.

Познавањето на правата и обврските на пациентите, како и правата и обврските на здравствените работници, во голема мера придонесува за намалување на случаите на нивно прекршување и ја подобрува соработката меѓу пациентот и лекарот при носењето одлуки и давањето здравствени услуги.При запознавањето со правата, обврските и механизмите опишани во оваа брошура, треба да се има предвид дека за пациент се смета секое лице, болно или здраво, кое ќе побара или на кое му се врши одредена медицинска интервенција со цел зачувување и унапредување на здравјето, спречување на болести и други здравствени состојби, лекување или здравствена нега и рехабилитација.

Поимот „здравје“, кое е основно човеково право, е определен како состојба на целосна физичка, ментална и социјална добросостојба, а не само отсуство на болест или слабост.

ПРЕВЗЕМИ

Извор:http://www.healthrights.mk

Поврзани статии:

– Видови надзор при санитарна и здраствена инспекција

– Обврската на лекарите за укажување на здравствена заштита

Партнери на Правдико