Главниот уредник на електронскиот весник „Џумхуриет“ осуден на три години затвор | Правдико

Правдико

   

Главниот уредник на електронскиот весник „Џумхуриет“ осуден на три години затвор

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Главниот уредник на онлајн-изданието на турскиот опозициски весник „Џумхуриет“, Огуз Ѓувен, денеска е осуден на затворска казна во времетраење од три години и еден месец по обвинение за извршување пропаганда во полза на терористичка организација.

Ѓувен беше уапсен во мај поради информација за сообраќајната несреќа во која загина обвинител, кој извршуваше истрага за многу случаи по воведувањето вонредна состојба во Турција.

Во јуни тој беше ослободен со цел да му се суди од слобода.

Обвинителите за случајот настојуваа тој да биде осуден на десет и полгодишна затворска казна.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико