Глоба од 1.500 и 2.000 евра за движење во шума без соодветна дозвола | Правдико

Правдико

   

Глоба од 1.500 и 2.000 евра за движење во шума без соодветна дозвола

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Поради високите температури, а со тоа и зголемената опасност од појава на шумски пожари, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство воведе делумна забрана за движење во шумите со стопанска намена, што ќе важи до 15 август.

Оваа согласност не важи за вработените во Јавното претпријатие за стопанисување со државни шуми „Македонски шуми“ и субјектите што управуваат со заштитените подрачја од сите категории, како и за организирана тура со туристи за туристичко разгледување на шумите.

Министерството апелира до сите граѓани во овој период од годината, а и заради своја безбедност, да се воздржат од нанесување штети на шумата, палење отворен оган во шума и користење запаливи средства.

За лицата што ќе бидат затекнати да се движат во шума без соодветна дозвола од ЈП „Македонски шуми“ и субјектите што управуваат со заштитените подрачја, ќе им се изрече глоба од 1.500 до 2.000 евра.

Со шумите за стопанска намена во Република Македонија стопанисува ЈП „Македонски шуми“ со 30 подружници, а со шумите за посебна намена управуваат ЈУ Национални паркови „Маврово“, „Пелистер“ и „Галичица“; ЈПУЗПП „Јасен“ – Скопје, како и ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје.

Исто така, Министерството известува дека е забрането палење стрништа, плевел и други растителни отпадоци во ловиштата и друг земјоделски отпад на земјоделско земјиште како превентивна мерка за заштита од шумски пожари.

За непочитување на одредбите од Законот за ловството се предвидува глоба во износ од 1.500 до 3.000 евра.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико