Глоба од 2.000 евра за седум лица за непочитување на полицискиот час
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Седум лица добија глоби од 2.000 евра за непочитување на полицискиот час.
„Обвинетите биле затекнати при непочитување на важечкиот полициски час. Имено, за време на забраната за движење на населението, определена како мерка за спречување на ширењето на коронавирусот, тие се движеле на разни локации во градот.
Надлежните јавни обвинители за секого од обвинетите лица предложија парични казни од 100 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност“, соопшти Обвинителството.
Извор: Макфакс