Го тепале со тупаници и „клоци“ | Правдико

Правдико

   

Го тепале со тупаници и „клоци“

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Вчера, околу 18.30 часот, во Тетово, во Спортски центар, додека П.Н. (26) од с.Теарце, Тетовско, се забавувал на еден од електронските апарати за удирање со тупаници, му пришло непознато женско лице и го замолило да удри еднаш. П.Н. се тргнал од апаратот и ѝ дозволил да удри, по што истата телефонски го повикала својот брат.

Во тој момент дошле две непознати машки лица, кои без повод и причина сакале физички да го нападнат. Едното од нив покажало и нож. П.Н. се исплашил и почнал да бега, но пред Културен дом Тетово лицата го стигнале и физички го нападнале удирајќи го со тупаници и клоци во пределот на главата и телото.

Од ударите П.Н. паднал на асфалтот  по што едно од лицата со рачката од ножот му задал еден удар.  На П.Н.  му била укажана лекарска помош во Медицински центар Тетово. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико