Годишен мониторинг бриф за извршувањето на одлуките на ЕСЧП за 2016 година | Правдико

Правдико

   

Годишен мониторинг бриф за извршувањето на одлуките на ЕСЧП за 2016 година

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

По донесувањето на пресуда или друга одлука од страна на Европскиот суд за човекови права (во понатамошниот текст: ЕСЧП), стапува на сила процесот на извршување, како задолжителна обврска на државите. Одговорно тело кое го спроведува извршувањето е Меѓуресорската комисија за извршување на одлуките на ЕСЧП со која раководи министерот за правда. Иако, согласно Законот за извршување на одлуките на Европскиот суд за човекови права, меѓуресорската комисија мора да заседава најмалку четири пати годишно (најмалку еднаш на секои три месеца), изминатава 2016 година Меѓуресорската комисија заседавала само еднаш (на 28 март).

Надзорот над извршувањето на пресудите на ЕСЧП се спроведува преку акциони планови и акциони извештаи подготвени од страна на надлежните државни органи во врска со секој конкретен предмет или група на предмети. Во нив се објаснети сите мерки кои се преземени или е планирано да се преземат за извршување на определена пресуда на ЕСЧП. Акциониот план содржи детален преглед на преземените и планираните општи и поединечни мерки во насока на извршување на пресудата, анулирање на констатираните повреди и спречување на идни слични повреди. Со усвојување на финална резолуција од страна на Комитетот на министри, процесот на надзор над извршувањето се смета за завршен, а пресудата за извршена.

Целиот извештај можете да го превземете ТУКА

Партнери на Правдико