Правдико

   

Голема операција против исламистите во Бугарија

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Бугарските безбедносни сили денеска спроведоа рација на повеќе локации во југоисточна Бугарија, вклучително и во една џамија, во рамките на антитерористичката истрага. Мета на полициските операции најверојатно се приврзаниците на екстремистичката група Исламска држава, јави БТА.

F38B980F-7CA6-44CE-B3C4-C9181B61567C_cx0_cy5_cw0_w308_h173

Бугарската државна телевизија емитуваше снимка на која се гледа како полицијата го приведува Ахмед Муса Ахмед, имамот на џамијата во Пазарџик, кој во повеќе наврати е обвинуван за ширење на радикалната идеологија. Ахмед е од ромска националност и во март годинава е осуден на една година затвор поради промовирање на радикална и идеологија во периодот од март 2008 до октомври 2010 година. Тој е осуден и на уште три години затвор поради кршење на условната казна, на која беше претходно осуден поради ширење на радикалниот ислам, но остана на слобода до решавање на жалбата на пресудата.

Бугарските медиуми јавија и дека се уапсени уште најмалку четири членови на муслиманската заедница во Пазарџик. Бугарското државно обвинителство соопшти дека покренало заедничка операција со Министерството за внатрешни работи и со Агенцијата за национална безбедност во рамките на истрагата „тероризам и поттикнување на војна“.

Претрес е извршен на 40 адреси во Пазарџик, Пловдив, Смољам, Асеновград и во Хасково. Истрагата е заснована на слики и видео снимки објавени на Фејсбук, на кои припадници на ромската муслиманска заедница во Пазарџик позираат во маици и капи со симболите на ИД. Во меѓувреме, снимките се отстранети од социјалните мрежи.

Извор: Радио Слободна Европа

Партнери на Правдико