Правдико

   

Голема полициска акција за разбивање на мрежа на педофили во 15 држави

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

fbiИнтерпол, ФБИ и чилеанската полиција разби мрежа на педофили на Интернет и уапси 60 луѓе, претежно во Јужна Америка, објави Интерпол. Идентификувани се четири жртви, соопшти организацијата за меѓународната полициска соработка, чие седиште е во Лион.

Еден 25-годишен учител, кој дистрибуирал снимки на кои се вршеле злоупотреби на деца беше уапсен во Гватемала, а друг бил уапсен во Чиле, каде снимал “дружење” со единаесетгодишно момче кое било злоставувано две години.

Во Уругвај се фатени четири лица осомничени дека се поврзани со најголемата педофилска мрежа откриена во таа земја

За време на операцијата, која се одвивала на 10 и 11 декември беше спроведена со околу 200 полициски операции во педесет градови во 15 земји (Латинска Америка, САД и Шпанија). Одземени се стотици компјутери, мобилни телефони, камери, мемориски картички со илјадници слики на злоставување на деца.

Партнери на Правдико