Голема странска инвестиција под истрага на Финансиската полиција | Правдико

Правдико

   

Голема странска инвестиција под истрага на Финансиската полиција

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Голема странска инвестиција која се уште работи во земјава е под лупа на Управата за финансиска полиција. Првиот човек на оваа институција Арафат Муареми во интервју за Фактор вели дека со овој случај ќе докаже дека дел од инвеститорите дошле во земјава само колку да земат пари од буџетот.

Колкав кримнал е направен и колкава е штата на државниот буџет, Муареми вели дека набрзо ќе се дознае.

-Во бројка не можам да кажам, но сега за брзо време ќе излеземе со уште еден случај кој како инвестиција е со поголеми размери и со милионски суми во евра како штета.  По завршувањето на истрагата ќе се уверите дека има и такви странски инвестиции кои се дојдени со една намера: Што повеќе да добијат и од државата и од другите фондови и да  си отидат од РМ, вели Муареми.

Муареми беше обвинител во Специјалното јавно обвинителство од каде замина за да се врати во Управата, во која бил долги години.

Извор:НоваТВ

Препорачуваме

Партнери на Правдико