Големо финале на европските избори | Правдико

Правдико

   

Големо финале на европските избори

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

За 751 место во Европскиот парламент одлучуваат околу 400 милиони граѓани на ЕУ. Најголемиот дел од нив гласаат денеска (25.05). Меѓу нив се и Германците.

euro-ballotj_20140519114207362

Во Германија и 20 други земји на ЕУ денеска се избираат европски пратеници. Германија во ЕП испраќа најголем број парламентарци – 96. Право на глас во Германија имаат околу 64,4 милиони граѓани – 61,4 милиони Германци и речиси 3 милиони граѓани од други земји на ЕУ.

Во седум земји на Унијата изборите веќе поминаа – во Велика Британија, Холандија, Ирска, Летонија, Чешка, Словачка и во најмалата земја на ЕУ – Малта. Во овие земји се гласаше од четвртокот (22.05) до вчера.

Првичните прогнози оставаат простор за стравување дека одзивот на изборите овојпат можеби ќе биде уште понизок од претходните избори пред пет години. Во 2009 година, во ЕУ гласаа само 43% од граѓаните со право на глас. Претседателот на Изборната комисија во Летонија по затворањето на избирачките места вчера процени дека одзивот бил околу 30%. Во Чешка веќе почнаа да се бараат причините за нискиот одзив.

Извор: DW

Партнери на Правдико