Горан Грујевски не дојде во Суд, СЈО се сомнева во неговото боледување | Правдико

Правдико

   

Горан Грујевски не дојде во Суд, СЈО се сомнева во неговото боледување

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Првообвинетиот во случајот „Тврдина 2“, Горан Грујевски денеска не дојде во судот. На рочиштето не е ниту неговиот адвокат Никола Додевски, а оправдување за отсуството достави адвокатот Петар Василев кој достави медицинска документација за состојбата на Грујевски, дека тој е две недели на боледување.

Според Специјалното јавно обвинителство пак симптоматично е отсуството на Грујевски бидејќи тој, а и други обвинети или осомничени од УБК секогаш во минатото ваделе боледување, кога обвинителството треба да преземе истражни дејствија поврзани со нив. Дополнително, истакна, обвинителот на СЈО, Трајче Пеливанов Грујевски во периодот додека е на боледување бил виден во Министерството за внатрешни работи и УБК според нивните сознанија.

Грујевски е обвинет за фалсификување на службена исправа, односно документи со кои било прикриено уништувањето на системите за следење на комуникациите, а во „Тврдина“ за уништување на системите за прислушување.

Извор: Телевизија 24

Партнери на Правдико