Горан само професионално го штител Велјаноски, рече адвокатката на Горан Ѓошевски
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Обвинителот Јован Цветановски од Вишото јавно обвинителство побара апелационите судии да го преиначат решението на кривичниот суд и на актерот Владо Јовановски да му биде изречена поблага мерка за обезбедување присуство.
Адвокатот Дончо Наков рече дека мотивот на судиите кои му го определиле и продолжиле притворот е политички.
„Што презело обвинителството 40 дена додека Владо е во притвор?, праша адвокатот Наков и додаде: „Образложението на Вишото јавно обвинителство е 8 реда, со осум реда барате притвор“.
„Има ли човек што не го знае Владо? Не избегал 7 месеци, сега ли ќе бега?“, праша адвокатот, според кој сите докази за Владо Јовановски се на „Јутјуб“. „Има 94 снимки, во секоја секунда се гледа каде е Владо“, им рече Наков на судиите.
В. Маглешов
Извор: Макфакс