Гостиварец фатен со лажен негативен ПЦР-тест на скопскиот аеродром | Правдико

Правдико

   

Гостиварец фатен со лажен негативен ПЦР-тест на скопскиот аеродром

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Гостиварец се обидел да ја напушти државата со фалсификуван негативен ПЦР-тест за што е казнет со глоба од 2.000 евра.

 

„На 17 март 36-годишниот обвинет се обидел да ја напушти државата преку Меѓународниот аеродром ‘Скопје’ употребувајќи фалсификуван медицински сертификат за негативен тест на SARS-CoV-2. Иако знаел дека не се тестирал и дека таков сертификат не е издаден од наведената болница, тој исправата ја употребил како вистинита пред аеродромските служби“, соопшти Обвинителството.

Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за издавање казнен налог, со кој предложи на обвинетиот да му биде изречена парична казна од 100 дневни глоби, а поединечната висина на дневната глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвредност.​​

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико