Гостиварец извршил повеќе од стотина кражби во Охрид, Струга и во Кичево
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Гостиварецот Џ.И. (22) од селото Дебреше, извршил повеќе од стотина кражби во Охрид, Струга и во Кичево.
Канцеларијата за криминалистички работи од Струга му поднесе кривична пријава со која го товари за сторени тешки кражби, извршени во продавници и во јавни установи во Струга.
Во периодот од 2009 до 2016 година, пријавениот Џ.И. на подрачјето на СВР Охрид кривично е пријавен за сторени вкупно 104 кривични дела и тоа 38 дела на подрачјето на полициската станица Охрид, 30 на подрачјето на Струга и 36 на подрачјето на Кичево.
Гостиварецот провалувал во продавници, куќи, месарници, туристички агенции, аптеки, бутици, патнички автомобили, од каде крадел пари и други предмети, со што стекнал противправна имотна корист од околу 600.000 денари.
Во Охрид извршил повеќе кражби, откако на први јули оваа година излегол од затвор.
Извор: Мета