Гостиварец ја претепал поранешната девојка | Правдико

Правдико

   

Гостиварец ја претепал поранешната девојка

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Дваесет и тригодишно момче ја претепало поранешната девојка. Тој ја удирал со тупаници по телото и главата. Повредената била пренесена во болница.

Според информациите на МВР, вчера А.Е. (38), која привремено престојувала во Гостивар, пријавила дека Ј.Х. (23) од село Здуње, Гостиварско, со кого била во љубовна врска, физички ја нападнал.

„Ј.Х. истиот ден, во неколку наврати, влегол и излегол од нејзиниот стан во кој живеела под кирија. Околу 18.30 часот ја нападнал додека била пред влезот на станбената зграда, ја соборил на земјата и повеќепати ја удрил со тупаници по главата и телото. Таа била пренесена во гостиварската болница, каде што ѝ била укажана лекарска помош. Ј.Х. бил повикан во Полициската станица Гостивар“, велат од МВР и додаваат дека по документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико