Гостиварец обивал и крадел каде што ќе стигнел во Охрид | Правдико

Правдико

   

Гостиварец обивал и крадел каде што ќе стигнел во Охрид

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Охридската полиција поднесе кривична пријава против 23-годишниот Џ.И. од  гостиварското село Дебреште поради извршени 12 тешки кражби.

Тој кражбите ги извршил во текот на мај оваа година, на подрачјето на Охрид, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Користејќи алат, но и физичка сила, гостиварецот успевал да влезе во менувачници, агенции за недвижности, земјоделски аптеки, во канцелариите на наплатните служби од Јавните претпријатија „Проаква“ и „Нискоградба“, во самопослуги, сувенирници, работилници и фризерски салони.

Со извршените кражби тој се стекнал со вкупна противправна имотна корист од 40.900 денари и 2.600 евра.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико